ЗА ИНТЕРДОМЕСТИК

Интердоместик ДООЕЛ е компанија специјализирана за организација на наплата на штети кои се последица на сообраќајни несреќи, повреди на работа, имовински штети, штети од незгода, штети од одговорност од професионална дејност, како и застапување за регресни барања.

Како работиме?

Ако сте повредени во сообраќајна несреќа, на работно место, штета од незгода, имате имотна штета, или сте оштетени од одговорност од дејност, јавите се кај нас со доверба а ние бесплатно ќе организираме за Вас:

Собирање на документација и стручна проценка од која зависи основаноста и висината на Вашата оштета. Ќе обезбедиме реална проценка за висината на Вашата имовинска штета со ангажирање вештаци за имовински штети.

За вас ќе ангажираме специјализирана адвокатска канцеларија кој ќе Ве застапува во вонсудска спогодба или можна судска постапка, а своите трошоци ќе ги наплати од осигурување.


Проверете ја висината на Вашата штета

Јавете се на нашите експерти

Дали имам право на оштета?

Пополнете го прашалникот со Вашите податоците и набрзо ќе Ве контактираме.

Пополнете го прашалникот

Корисничка повелба

Во Интердоместик ДООЕЛ веруваме дека секoе лице има еднакво право на пристап до правдата и дека никој никогаш не треба да се чувствува како губитник, доколку претрпел штета од сообраќајна несреќа, имовинска штета, штета од осигурување на незгода, од неодговорност или небрежност, поради одговорност од дејност и како последица на тоа му е нарушено физичкото и душевното здравје, достоинството или личниот интегритет.

Што можете да очекувате од нас ?

Конкретни и квалитетни информации за Вашите права. ВЕДНАШ и без одлагање ќе пристапиме кон решавање на Вашиот предмет Известување за фазите на решавање на Вашиот предмет за да знаете што може да очекувате Ќе Ве запознаеме со адвокатската канцеларија која правно ќе Ве застапува во постапката Ќе Ве информираме за висината на Вашата оштета која ќе ја побаруваме за Вас и колку долго ќе потрае решавањето на Вашиот предмет.

Наша мисија

Да имате доверба, да се потпрете на нас и да верувате во нашата мисија. Наша цел е да Ви понудиме целосна услуга без каков било ризик и трошоци со нашиот професионален пристап кој е дефиниран со високи европски стандарди во работењето. Со оглед на нашето долгогодишно искуство, сигурност во работењето и љубезен пристап, сакаме кај Вас да изградиме доверба и да Ви дадеме силни причини за потполно да се потпрете на нас. Наша цел е да ја освоиме Вашата доверба преку максимална ангажираност за заштита на Вашите права и наплатување на реална висина на Вашата штета. Нашата мисија ќе биде успешна кога Вие, како наш клиент, ќе бидете задоволни.