Најчесто поставувани прашања
Ако сакате да добиете повеќе информации за услугите на Интердоместик ДООЕЛ прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања. Доколку не најдете одговор на Вашето прашање, контактирајте не!
Зошто да не ангажирате нас како компанија?
Причини има многу, пред сè нам ни е важно да разберете дека работа ја вршиме со високи
европски стандарди кои вклучуваат професионален пристап во деловноста и кон Вас,
како наш клиент. Интердоместик ДООЕЛ како специјализирана компанија соработува
со специјализирани адвокатски канцеларии со долгогодишна пракса и богато искуство
во побарување на повеќе видови штети, почнувајќи од сообраќајни несреќи, повреди на работа,
преку штети од осигурување на несреќен случај – незгода, имотни штеи, штети од одговорност од
професионална дејност па сè до регресни побарувања. Соработката со нас ќе Ве поштеди од губење
на Вашето скапоцено време и финансиски трошоци. Нашата соработка вклучува и тимови на различни
судски вештаци кои се дел од утврдување на фактичката состојба која се користи при побарувањето
на оштетата, со други зборови на едно место добивате конкретна и целокупна услуга, без да имате
какви било трошоци. Во работењето ја покриваме цела Република Македонија (да се додаде текст надвор
од државата), без разлика на вашата местоположба, со задоволство Ви стоиме на располагање.
За сите други информации јавете ни се без било какви обврски.
Колкави се трошоците во случај на покренување на оштетно побарување?
Со наша помош, нема трошоци. Работиме по принцип најпрвин организација на наплата на штета за Вас со ангажирање
на специјализирани тимови адвокати со долгогодишно искуство кои ќе превземат сè за да ги заштитат Вашите права
и да наплатат максимална оштета од осигурувањето, а од тој наплатен износ ќе договориме процент кој би бил награда
за нашиот труд и ангажирање на адвокат. Тоа значи дека нема скриени трошоци. Сите материјални трошоци кои настануваат
во постапката ќе бидат наплатени од страна на осигурителната компанија која се товари во спорот, а не од Вас.
Во постапката се покриени сите трошоци, како за нашата компанија која Ви ја организирала наплатата на штетата,
така и за адвокатската екипа која правно Ве застапувала. Не постојат двојни трошоци.
По правило од кого се наплаќа оштетата?
По правило оштетата секогаш се наплаќа од осигурителната компанија на оној кој го предизвикал штетниот настан.
Адвокатите кои ги ангажираме никогаш не го теретат физичкото лице во својство на предизвикувач кој треба да
исплати штета. Ако предизвикувачот не бил осигурен или го напуштил местото на несреќата, во тој случај оштетата
(за нематеријална штета) се наплаќа од гарантниот фонд на Нацоналното биро за осигурување на
Република Македонија, кој потоа го товари предизвикувачот да ја регресира исплатената штета.
Слично се постапува и во случај кога предизвикувачот има повеќе од 0,5% алкохол во крвта.
Во тој случај ако предизвикувачот има важечка полиса на осигурување, адвокатот ја товари
осигурителната компанија за настанатата штета, а потоа осигурителната компанија го товари
предизвикувачот за регрес на трошоците за оштетата. Материјалната штета во ваков случај се
пријавува и реализира во Вашата компанија на осигурување, а компанијата исплатената штета
ја регресира од штетникот.
Колкав надоместок можам да добијам?
Износот кој може да го добиете варира и зависи од многу фактори, вклучувајки ја тежината и сериозноста
на настанатата повреда и времетраењето на Вашето опоравување, но и од други финансиски губитоци,
кои сте ги претрпеле како последица на несреќата. За да можеме да Ви кажеме што можете да очекувате
во финансиска смисла, Ве молиме да ни се јавите! Со оглед на деловната етика никогаш кон Вас не настапуваме
шпекулативно во поглед на висината на оштетата, туку најпрвин да го дадеме предметот на проценка на стручен тим,
составен од судски вештаци и дури откако ќе имаме јасна фактичка состојба, да Ве информираме за можната висина
на штетата. Таков е нашиот пристап кон клиентите, бидејќи сакаме да имате доверба во нас, а воедно и да бидете
задоволни од нашата услуга. Важно ни е да разберете дека на работата и` пристапуваме стручно и професионално.
Колку долго ќе трае постапката?
Решавањето на Вашиот предмет по правило може да потрае неколку месеци.
Во некои специфични случаи тоа може да потрае и подолго или пократко во
зависност од состојбата на Вашето здравје, односно завршувањето на Вашето лечење
или доколку осигурителната компанија која ја товариме, не прифаќа спогодбено решавање
на предметот, тогаш постапката се решава по судски пат, за што навремено ќе бидете информирани
и ќе биде побарана Вашата согласност.
Дали морам да одам на суд?
Во повеќе случаи, адвокатите кои ги ангажираме побаруваат надоместок на штетата
без покренување на судска постапка и тогаш Вашето учество ќе се ограничи исклучиво
на телефонски или е- маил контакт со адвокатската канцаларија. Доколку во одреден
случај дојде до загрозување на Вашите права, адвокатот може да одлучи да побара судска постапка,
и тогаш тој ќе Ве застапува на суд и Вашето присуство не е неопходно.
Сообраќајната несреќа се случила пред една година, а повредата скоро е исчезната. Дали вреди да се бара оштета?
Секако. Законскиот рок за побарување штета е три години сметајќи од датумот на настанување на штетата. Ако повеќе не
чувствувате никакви здравствени проблеми како последица
од сообраќајната незгода, во тој случај износот на надоместокот се утврдува
спрема следниве критериуми:
Дали сте го посетиле Вашиот матичен лекар и дали сте отишле во болница после настанатата несреќа;
Дали Вие лично не сте ја предизвикале несреќата;
Дали сте го исполниле европскиот извештај и дали сте повикале полиција;
Дали имате сметки за можни болнички трошоци итн.;
Дали сте изгубиле заработувачка поради користење на боледување.
Секој случај се проценува посебно, врз основа на околностите кои настанале,
затоа слободно обратете им се на нашите советници. Тие ќе ангажираат судски вештак поради процена
и ќе Ви ги дадат сите потребни информации.
Во мојот случај, другата страна е неосигурена и го напуштила местото на настанот. Што треба да направам?
Најсигурно Ви е да не контактирате. Во случај на сообраќајна незгода со неосигурено моторно возило или непознато моторно возило,
Вашето оштетно побарување се поднесува во Националното биро за осигурување на Република Македонија во кое постои гарантен фонд
наменет за остварување на Вашите права односно за побарување на штетата за нематеријални штети. Во случај на материјалните штети, предизвикани од неосигурено возило, барање се поднесува во Вашата осигурителна компанија, која ви ја реализира штетата,
а потоа од штетникот ја регресира исплатената штета. Во случај на напуштање на местото на настанот и на непознат причинител на несреќата
нема основа за наплаќање на штетата. Во други случаи, штетата се наплаќа од осигурителната компанија на предизвикувачот на несреќата.
За сите други информации и прашања слободно обратете им се на нашите советници.
Јас би поднел тужба за надомест на штета против мојот работодавач поради незгодата која ја претрпев на работа. Што треба да имам на ум во овој случај ?
Многу луѓе се загрижени дека ако поднесат барање за надоместок на штета против својот работодавач,
тоа би резултирало со отказ од работа. Тоа е најчеста причина зошто многу од жртвите на работно место се воздржуваат
од поднесување на барање за оштета. Вашиот работодавач не може и не смее да Ве отпушти само затоа што сте поднеле
тужба против него за надомест на штета. Исто така треба да се има на ум дека сите работодавачи се должни да плаќаат
посебно осигурување од одговорност и доброволно осигурување на колективна незгода, за во случај некој од неговите вработени
да има незгода на работа или професионална болест. Значи, надоместокот се наплаќа од осигурителната компанија, а не од страна на работодавачот.