Во што се состои нашата помош:
Како учесник во сообраќајна несреќа детално ќе ве информираме за вашите права.
Ве советуваме што треба, како оштетен, да направите во понатамошното лечење.Даваме напатствија како да ја надоместите претрпената штета.
Ангажираме за Вас специјализирана адвокатска канцеларија која ќе ве застапува при наплатата на штетата.
Ќе ангажираме лекар – судски вештак.
Ќе се потрудиме Вашиот предмет да го решиме спогодбено без судска разврска во најкраток можен рок.
Учеството во сообраќајната несреќа е секогаш трауматично искуство.
Почесто доаѓа до последици во облик на повреда и други претрпени трауми.
Поради тоа немате ниту сила ниту волја да преземете потребни чекори со намера
да ги заштитите своите права или пак воопшто не сте запознаени со нив.
Затоа Интердоместик ДООЕЛ е тука квалитетно да Ве информира за се` и да
организира се` што е потребно за остварување максимален надоместок за
настанатите повреди, претрпен страв, претрпена болка, намалена работоспособност
и евентуални други штети. Секој сопственик на моторно возило треба да има полиса
за осигурување од автомобилска одговорност чија намена е да ја покрие настанатата
матаријална и нематеријална штета.
Постојат околности во кои возилото на причинителот на несреќата е неосигурено,
во таков случај барањето за надоместок на нематеријалната штета се надоместува
од гарантниот фонд на Националното биро за осигурување на Република Македонија.