Имотни штети
Сте имале пожар во куќата (станот)?
Пукнала водоводната цевка и направила поплава?
Ви се случила кражба додека сте биле надвор од станот?
Луња Ви предизвикала штета на покривот?
Слободно сметајте на нашата помош во врска со остварување на Вашето оштетно побарување!
Целта е со надоместокот на штета да се добие потребен износ кој материјалната положба на осигуреникот
ќе ја доведе во состојба во која била пред настанување на штетното дејство.
Имотна материјална штета се смета штета, настаната како последица на несакани штетни
дејствија директно на имотните средства на осигуреникот кои доаѓаат стихијно и непредвидено т.е. имотната штета е намалување на нечиј имот (обична штета) и спречување на нејзиното зголемување (имотна корист). Вистинска штета се искажува исклучиво како намалување на вредноста на нечиј имот.
Нашата помош се состои во тоа да Ве водиме од пријавување до реализација на штетата, со тоа што Вие ќе бидете информирани за секој чекор од реализација и сето тоа без трошоци.