Штети од незгода

Се лизнавте, паднавте и притоа ја повредивте ногата? Доживеавте удар од некаков предме што предизвикало прснување на мускул? Сте се здобиле со изгореници?
Дошло до кршење на здрави коски поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани со непредвиден надворешен настан?
Со доверба ќе пристапиме кон решавање на Вашиот предмет. Незгодите не можеме да ги спречиме, но со осигурувањето од незгода можеме да ги ублажиме последиците преку паричен надоместок.
Безгрижен живот е желба на сите нас, но никој не може да ги предвиди или да ги спречи незгодите, тие се случуваат секојдневно и ненадејно.
Ова осигурување обезбедува соодветен надоместок во случај на: Смрт од незгода, Смрт од болест, Траен инвалидитет поради незгода, Трошоци за лечење поради незгода, Дневен надоместок поради преодна неспособност за работа, Трошоци за лекување.