Штети од одгорност од дејност
Правото на одговорност за штета во правото се дефинира како штетно дејствие кое
предизвикува повреда на нечие субјективно право или интерес.
Поимот на општа одговорност е многу широк, па и штетите кои можат да настанат
и кои можат да се припишуваат на Вашата одговорност се многубројни.
Степенот на опасност зависи од тоа дали е во прашање угостителска дејност,
одржување на патишта, градежна дејност, училиште, болница, туристичко патување,
адвокатска дејност или некоја друга дејност, но исто така и од некои други параметри.
Како пример нека послужи одговорноста на работодавачот за одговорноста на вработените за штета
која вработените при работа или во врска со работата ја предизвикаат на трети лица.
За штетата одговара работодавачот кај кого вработениот бил на работа во моментот на предизвикување на штетата,
освен ако се докаже дека во дадени околности не постапувал онака како требало да постапува.
Оштетениот има право да побара надомест на штета од работодавачот, но и директно од вработениот
ако вработениот штетата ја предизвикал намерно. Работодавачот одговара само за штета која вработениот
ја предизвикал во текот на работното време и на работното место во граници на работите кои му се доверени.
Лицето кое на оштетениот му исплатило надомест за штета која вработениот ја предизвикал намерно или
со крајно невнимание, има право да бара од вработениот надомест за исплатениот износ (право на регрес од вработениот).