Регресни постапки

За надоместок на штетата, правото на оштетениот за надоместок од штетникот, преминува под одредени услови на осигурувачот. Ова право се нарекува регресно право, а постапката за реализација регресна постапка.. Во осигурителната терминологија како израз се користи да означи право на осигурувачот да го врати исплатениот износ на штетата од лицето кое ја предизвикало штета. Регресниот надоместок на штетата, односно правото на исплата, го остварува трето лице кое не е првично инволвирано во основната правна работа. Тој своето право може да го темели врз основа на договорен или вондоговорен однос, кој не мора да биде во директна врска со оној кој дава основа на имателот на право на исплата или за надоместок на штетата. Изразот регрес во често се изедначува со суброгациско право. Суброгацијата доаѓа од латинскиот збор “subrogo” што значи да замениш некого наместо друг. И двата израза и регресно право и право на суброгација претставуваат меѓусебно комплементарни правни функции од кои едната претставува право на повраток на исплатениот износ, а другата пренос на правото поради остварување на повратокот.
Барате регрес, односно бараат од Вас повраток на исплатените средства за штета? ИНТЕРДОМЕСТИК ДООЕЛ, ќе Ве советува, застапува за да ги реализирате Вашите права при регресните постапки.